Се бара историчар да го среди хаосот во здравството

Во ситуација кога годишно од последици од аерозагадување животот го губат 1300 луѓе а месечно умираат по дваесетина новороденчиња владата бара експерт за здравствен менаџмент со диплома по историја.

Во огласот на министерството за здравство со кој се бара државен советник за здравствен менаџмент и здравствена политика како прв од бараните услови на образование е диплома за завршен факултет по историја.

Уште почудно е што огласот е објавен пред именувањето на новиот министер за здравство Венко Филипче кој би требало да го бира тимот со кој ќе ги спроведува реформите.