По видеото во кое се прави споредба меѓу силата на македонската и бугарската армија кое што доби на интензитет на социјалните мрежи во текот на завчерашниот и вчерашниот ден , денеска исто такво видео се појави и за македонско – грчките воени собитија. Инаку споредбата е продуцирана во март оваа година.

Не треба да се гледа видеото за да се разбере дека Македонија воено е во драматично полоша состојба од својот јужен сосед членка на НАТО и ЕУ.

Прашањето е зошто во периодот на најмирољубиви односи меѓу властите во Скопје и Атина и обидот на македонската влада да побара искрена помош од својот јужен сосед социјалните мрежи се преплавени од видеа кои испраќаат сосема различна порака од пријателство и соработка.