По тригодишна битка, продуцентите на серијата Спасувачка служба (Baywatch) успеаја да докажат дека во периодот на емитување на ТВ шоуто, а тоа е повеќе од една деценија од 1991. до 2001. година имале гледаност од една милијарда гледачи неделно. Тоа на продуцентот Дејвид Хаселхоф му е сатисфакција за минатиот труд, но и најдобра најава за новиот проект, филмот со исто име, кој наскоро ќе се појави во кино салите и во кој, голем дел од ликовите кои бавно трчаа на најавната и одјавната сцена, што беше белег на серијата, се појавуваат повторно.
Инаку серијата во која најпрепознатлива беше презгодната Памела Андерсон, има историја, како за “на филм”. Имено Baywatch се прикажуваше една сезона, во 1989. година, по што беше проценето дека не вреди, pа Хаселхоф ги откупи правата за 10 долари и започна со снимање на, сега веќе докажано, рекордната ТВ приказна за спасувачите на плажите на Лос Анџелес. За тоа колку беше гледана и популарна серијата говори признанието на иранските власти, во тоа време особено ригидни кон се што доаѓаше од САД, дека уапсиле лица коi во своите домови со сателитски антени приредувале кино претстави и заработувале огромни суми пари.