Сериозен проблем кај „Фејсбук“, „Инстаграм“ и „Ватсап“ – работиме да се вратат апликациите, вели „Мета“

Социјалните мрежи Инстаграм и Фејсбук бележат проблеми, а веб-страницата „DownDetector“ покажува дека некои други услуги како Месинџер, Ватсап и други не работат.

Речиси 100.000 корисници на веб-страницата „DownDetector“ пријавиле проблеми со Фејсбук, додека повеќе од 60.000 од нив имаат проблеми со Инстаграм.

Повеќето извештаи доаѓаат од Соединетите Американски Држави, но извештаите за проблеми доаѓаат од целиот свет.

Мета се огласи на платформата Х за проблемите со кои се соочуваат корисниците на Фејсбук.

Свесни сме дека технички проблем влијае на способноста на некои корисници да пристапат до нашите апликации. Работиме работите да се вратат во нормала што е можно поскоро и се извинуваме за непријатностите“, се вели во нивното соопштение.

Околу 19 часот корисниците почнаа да пријавуваат проблеми со социјалните мрежи на веб-страницата Down detector, која ги следи техничките проблеми со социјалните мрежи и веб-страниците ширум светот.

Проблемот беше забележан и од сите страни, но и од наште профили на „Експрес“ откако не можевме да споделуваме постови на нашите групи на Фејсбук и Инстаграм.

Како и секогаш во вакви ситуации, корисниците на другите мрежи ја користат можноста да ја изразат својата фрустрација поради прекинот на социјалните мрежи, па многумина се активни на Икс.