Најпознатото женско тениско семејство на светот доби уште една членка. Серена Вилјамс се породи и на свет донесе здраво новороденче кое според информациите тежи три килограми и сто грама. Најдобрата тенисеркат на светот, без оглед што поради бременоста не е веќе прва на ВТА листата е во брак со Алекс Оенијан со кого уште пред 4-5 месеци објавија дека чекаат бебе.

„Се радувам што станав мајка и што брзо ќе се вратам на терените“ порача Серена најавувајќи дека ќе се појави на Австралија Оупен следниот јануари од Палм Бич каде што беше раѓањето.