Канадскиот спринтер на митингот од Дијамантската лига во Стокхолм имаше неверојатно време 9.69 во трката на сто метри кои нема да бидат признати како најдобар сезонски резултат само поради недозволениот ветер. Но за освојувачот на бронза и сребро од трките на 100 и 200 метри на Олимписките игри во Рио минатата година сигурно е дека е легитимен наследник на Јусеин Болт.

Андре Де Грас има 23 години и е прв кандидат за златото во најкусата тркачка дисциплина на 17. Светското атлетско првенство кое од 4. со 13. август годинава се одржува во Лондон.

https://youtu.be/0E-nR7usVLY