Една недела по големата парада на Европрајд 2024, во Сoлун синоќа се одржа митинг наречен Семејна поарада“.
„Крај на нивната параноја, нарекувајте ги работите со нивните вистински имиња“, беше една од пораките на организаторите на митингот според кои концептот на „семејство“ е единствен.
Учесниците на митингот извикувале пароли „Грција значи православие“, „Одлечете ги рацете од нашите деца“ и „Грција им припаѓа на Грците“.
На собирот, кој беше претставен како „прослава на грчкото семејство“, присуствуваа и голем број членови на екстремната десница, пишува „Прототема“.
На лице место беа присутни и безбедносни сили за да се погрижат се до крајот на средбата да помине мирно.