Бостон го совлада Лејкерс со 107 – 96 и ја продолжи на десет, серијата врзани победи што го прави водечки тим во целата НБА лига. Во дуелот тежок 33 титули во најважното кошаркарско првенство на светот, во ТД Гарден, Селтикси го имаа Бејнс со 21, но и Ивинг со 19 и Морис со 18 поени. Голден Стејт е втор според вкупниот ефект откако ја разнесе Минесота со 120 – 100 иако беше без Дурент, Детроит е трет со триумфот над Индијана од 114 – 97 овде Драмонд имаше 14 поени и 21 скок и од ноќешната програма уште Орландо – Њујорк 112-99 и Мајами – Феникс 126-115.