Џовани Де Бјази најави дека ја напушта селекцијата на Албанија на крајот од тековниот квалификациски циклус за СП во Русија. Најуспешниот тренер во историјата на фудбалот кај нашиот западен сосед кој, потсетуваме ги однесе Албанците на Европското првенство во 2016. година во Франција, ја соопштува одлуката само три дена по извонредната победа над Израел и тоа на гости. Де Бјази само кусо вели дека секоја приказна мора да има крај и додава дека работите се поставени на вистински начин, па сега тоа не бара негово задолжително останување.
Во моментов нема никакви информации или барем шпекулации каде Италијанецот би продолжил со работа.