Според анкета која за Телевизија Телма која ја направила агенцијата М, граѓаните на Македонија најмногу симпатии имаат кон Србија.
Над 44 отсто од македонските граѓани сметаат дека Србија е најпријателски настроена кон Македонија. Многу помалку од нив такво чуство имаат кон западниот сосед, 14,8 отсто од граѓаните сметаат дека Албанија е најпријателска соседна земја, а следи Бугарија со 11,2, Косово со два и Грција со 1,1 отсто.
Во анкетата се наведува дека осум од 10 македонски граѓани во некоја од соседните држави препознаваат непријателски однос кон Македонија, но и дека 58,4 отсто се изјасниле дека добрососедските односи се “многу важни“ за Македонија.
Дека ниту еден сосед не е пријателски настроен кон Македонија сметаат 17,9 отсто од испитаниците, додека Грција, која ги блокира евроатлантските интеграции на Македонија поради спорот со името, 59 отсто ја означиле како најнепријателска.
Далеку зад Грција се Албанија, за која се изјасниле 11,3 отсто испитаници, Србија со 5,7 и Бугарија со 3,1 отсто. Само 10 отсто не сметаат дека некоја соседна, земја е непријателски расположена.
Според анкетата која ја објави Телма, македонските граѓани најмлаку предрасуди имаат кон Бугарија, што е 4,7 отсто од испитаниците, а најмногу кон Србија, 41,5 отсто. Предрасуди и недоверба кон Албанија имаат 21,5 отсто, кон Србија 7,5 отсто испитаници, а кон Косово 7,2 отсто.
Дека најдобро ја познаваат историјата и културата на Србија се изјасниле скоро половина од граѓаните на Македонија, односно 47,4 отсто. Потоа следи Албанија -16,5 отсто и Бугарија со 8,3 отсто, додека 13,7 отсто одговориле дека не ја познаваат историјата на ниту една соседна земја.
За изјавата дека “сите земји од регионот значајно делат заедничка историја“ позитивно се изјасниле 41,6 отсто анкетирани, а негативно 58,3 отсто.
Анкетата која М проспект ја направил за Телма е направена телефонски од 27 јуни д 3 јули на репрезентативен примерок од 1000 испитаници.