Консултантката на УНДП за млади и цивилно општество Сузана Дакаш пишува за 7 теми кои што Балканот ги научил од бегалската криза.
Дакаш пишува дека Западиот Балкан со над 900 илјади бегалци кои што преку Грција и Македонија во 2015 година заминале во ЕУ имал прилика да научи некои работи од соочувањето со бегалската криза.
Раселените лица и бегалците не се нов феномен во регионот но овој пат поради тоа што луѓето не биле од регионот туку од друг континент граѓаните на Балканот имале што да научат не само за хуманитарниот аспек на проблемот туку и за долгорочните последици. Таа наведува 7 лекции кои што се научени од бегалците

1. Сопствената историја и искуство со раселени лица создава емпатија со бегалците. Во регионот бегалци имаше и во Србија и Косово, Македонија и Босна како и во Хрватска.
2. Брзото движење на бегалците покажа колку регионот е нестабилен и колку малку му треба за да започнат тензии особено во ситуација кога земјите не се подготвени за помош на бегалците.
3. Влијанието на бегалците врз средината може да биде интензивно и затоа локалните власти мораат да бидат подготвени за вакви ситуации
4. Никој не се грижи за еколошките последици од бегалските бранови.
5. Локалните власти и градоначалниците се соочуваат со сериозни последици пред гласачите ако планираат повторна помош за бегалците. Локалните жители сакаат да добијат помош исто како и бегалците.
6. Главни фактори за помош на бегалците се верските објекти и локалните невладини организации. Затоа меѓународната заедница и ОН треба да инвестираат во нив.
7. Подобра технологија и вештини на активистите можат да направат големи дела за бегалците. Градење на ѕидови не е решение како што тоа може да биде поголема ефикасност на локалните власти и организации.