Три напади се случија во текот на ноќта во Лондон кои го претворија градот во сцена на терор и хорор јавуваат британските медиуми. Според полицијата, седум луѓе загинаа , а бројот на повредените е зголемен до 30 лица.
Полицијата ги убила тројцата напаѓачи. Тие биле вооружени со ловечки ножеви. Меѓу ранетите е и еден полицаец.
Премиерката Тереза Меј ги опиша настаните како “ужасен инцидент што се третира како потенцијален терористички чин “. Инцидентите се случија на Лондонскоот мост и во блискиот Бороу пазар.
Службата за брза помош соопшти дека превезла најмалку 48 лица до пет болници во главниот град.
Првиот инцидентот со напад на бело бело комбе кое удрило во пешаци на Лондон Бриџ 22 часот и 8 минути. Очевидци велат дека комбето возело на тротоарот.
Полицијата вели дека комбето продолжило кон околниот базар, каде што биле пријавени напади со нож.
Циркулираат фотографии кои го покажуваат осомничениот на теренот на базарот, на кои се гледаат канистри врзани за неговото тело. Полицијата вели дека канистрите биле дел од самоубиствениот елек.
Властите соопштија и за трет инцидент, прободување во Вауксхол, но тој не е поврзан со настаните околу Лондон Бриџ.
Лондонскиот градоначалник Садик Кан ги осуди “варварските” и “ужасни” напади нарекувајќи ги “намерни и кукавички”.
Гости во некои хотели во близина на нападите биле евакуирани а безбедносните служби извеле голем број на контролирани експлозии во областа на нападите.