Продолжуваат преговорите за раст на минималецот и отворена можноста за формирање на независно тело за пресметка на потрошувачката кошничка, ова е исходот од последната седница на Економско – социјалниот совет. Владата седна на маса со синдикатите и работодавачите за да се разгледува синдикалната потрошувачка кошничка. Предлогот од Владата бил да се формира независно тело кое ќе ја пресметува потрошувачката кошничка. Според организацијата на работодавачи во тоа тело треба да членуваат Државниот завод за статистика, Организацијата на потрошувачи, како и Министерствата за економија и финансии и синдикатите
„Сметаме дека таа ќе биде една официјална и институционална потрошувачка комшница која ќе ги дефинира сите точки и ќе ги земе в предвид сите потрошувачки елементи кои се релевантни за една кошничка“, вели Владанка Трајкоска.
Во однос на минималецот се разговарало за можноста државата да субвенционира повисока минимална плата, односно да ги ослободи од придонеси работодавачите за разликата ако „падне “ договор за минималец повисок од она што треба да се случи во март
Да се слеат дополнителен дел на придонесите од законското усогласување на минималната плата, а работниците да добијат повисоки плати согласно труот што го вложуваат. Ако минималната плата се зголеми дури и на 31 500 денари согласно предлозите на стопанските комори, ќе се вратиме на позиција кога две минимални плати ќе ја покриваат минималната синдикална кошница. ССМ останува на ставот минималната плата да се зголеми на 24 400, 24 500 или 24 700 денари и да се договорат социјалните партнери дека е потребен дополнителен раст на минималната плата, а работодавачите да бидат ослободени од плаќање придонеси, односно субвенционирани од државата. ССМ се залага за зголемување на сите останати плати преку субвенционирање на придонесите за одреден период- рече Слободан Трендафилов од ССМ.
Трендафилов вели тие ќе продолжат да ја пресметуваат минималната кошничка, а продолжуваат преговорите за повисока плата
