Седми избори за 3 години во Бугарија – ќе има ли овој пат стабилна влада

Бугарите денеска излегуваат на седми предвремени парламентарни избори за четири години, но тешко е дека политичките партии и овој пат ќе можат да формираат стабилна коалиција за стабилна политичка влада, додека гласачите стануваат сè поапатични за исходот.

Бугарија, најсиромашната членка на Европската унија и една од нејзините најкорумпирани држави, се бори да ги одржи владите во живот откако по антикорупциските протести во 2020 година беше соборена коалицијата предводена од централно-десничарската партија ГЕРБ, на Бојко Борисов.

Анкетите покажуваат дека политичкиот ќорсокак што ги забави економските реформи веројатно нема да се пробие и дека, уште еднаш, ниту една партија нема да освои парламентарно мнозинство, отворајќи го патот за нова рунда тешки и долготрајни коалициски преговори.

Гласачките места се затвораат во 20 часот, а излезните анкети треба да бидат објавени веднаш по затворањето на гласачките места.

Првите делумни резултати се очекуваат околу полноќ.

Анкетата на Gallup International Balkans, објавена од Бугарското национално радио во петокот, покажа дека ГЕРБ е во водство со 26,1 отсто од гласовите, а по неа две партии во тесна трка за второто место.

Реформистичката ПП (Продолжуваме со промените) и ултранационалистичката, проруска партија Преродба имаат 16,2 отсто, односно 14,9 отсто поддршка.

Истата анкета покажа дека излезноста на гласачите ќе биде 31,1 отсто.

Гласањето денеска доаѓа по неуспехот на бугарските политички партии да се договорат за формирање коалициска влада по изборите на 9 јуни.