Актуелниот Ф-1 Светски првак, Себастијан Фетел тргна како втор низ улиците на Монте Карло, но на средина од ГП трката низ кнежевството ја замени позицијата со колегата од Ферари, Кими Раиконен, по што таму, без поголема тензија, издржа до крајот.

До третата победа во сезоната, Германецот дојде пред се, поради одличната работа на механичарите кои му овозможија брзо менување на пневматиците, што беше хендикеп за сите останати.
Зад Фетел во шестата трка од овој Ф-1 шампионат останаа Раиконен, Рикардо, Ботас, Верстапен, и дури на седмото место Луис Хамилтон. Британецот се уште е втор во генералниот поредок, но сега веќе со 25 бодови заостаток зад водечкиот Фетел.