СДСМ поднесе предлог во Собрание за зголемување на минималецот

Претседателот на СДСМ Венко Филипче и пратеничката група на СДСМ денеска во Собранието предложија измени и дополнувања на Законот за минимална плата, според кои минимималната плата треба да изнесува 27.700 денари, што е 450 евра.

Претседателот на СДСМ Венко Филипче порача дека ваквиот предлог е поради моменталната голема економска несигурност.

– Со измените, предвидуваме минималната плата да се покачи на 27.700 денари, што претставува пораст од 12,3%. Со ова, не само што ќе обезбедиме финансиска стабилност на работниците, туку и ќе влијаеме на порастот на просечната плата, што ќе има позитивен ефект врз секое семејство во државата. Методологијата за усогласување на минималната плата со порастот на трошоците за живот и просечната плата останува и понатаму како дел од овој закон, со тоа ќе обезбедиме сигурен и постојан раст на приходите на граѓаните – рече Филипче на прес-конференција во Собранието.