СДСМ одби укинувањето на Радиодифузната такса, маневар на ВМРО – ДПМНЕ

Македонското собрание ги одби сите денешни предлози на опозицијата, меѓу нив  и за измените во Законот на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги со кои може веднаш да се укине радиодифузната такса.

Пратениците на ВМРО – ДПМНЕ кои што имаа 11 години да ја укинат радиодифузната такса сега со политички маневар кој има за цел да ја прикажат власта како неодговорона кон гласачите, бараат СДСМ веднаш да го исполни предизборното ветување за укинување на оваа давачка. Според предходните проценки финансирањето на МРТВ без сметките од граѓаните ќе отвори дупка во буџетот од околу 20 милиони евра.

Со денешното гласање СДСМ практично призна дека не е подготвена брзо да го спроведе своето ветување како што најавуаше во кампањата.

Официјално причините за измени по брза постапка, како што најави пратеникот Антонио Милошоски, се за да може навреме да се планира најавениот ребаланс на буџетот, како и спроведување на реформи во МРТВ.

Според СДСМ укинувањето на таксата за телевизија ќе биде укинато откако владата ќе обезбеди стабилно финансирање на јавниот сервис.

Претходно, парламентарното мнозинство го одби и предлогот за измени по брза постапка во Законот за јавно обвинителство со кој ВМРО-ДПМНЕ бараше јавниот обвинител да го предлата опозицијата и тој да се избира со двотретинско мнозинство. И за овој закон ВМРО – ДПМНЕ имаше 11 години да го изгласа во Собранието но никогаш не даде предлог додека беше на власт.