СДСМ и ДУИ „на два ума“ околу референдум за името

Ситуацијата помалку почнува да наликува на Грција каде што несогласувањето на вледеачката СИРИЗА со помалиот коалиционен партнер „Независни Грци“(АНЕЛ) се на различна страна од равенката дали „’Македонија’ како термин може да биде вметнат  дел од идното име на северниот сосед и дали за тоа треба да се решава на референдум. Таму, АНЕЛ, бара референдум…

Тука, помалиот коалиционен партнер е против референдумско изјаснување: Спикерот Талат Џафери неодамна рече дека проблемот може да се реши со гласање о парламентот, а лидерот на ДУИ, Али Ахмети смета дека спорот треба да се разреши со потпишување на акт по примерот за Договорот за добрососедство што го потпишаа премиерите Заев и Борисов на 1 август, а кој деновиве беше ратификуван од парламентите во двете земји.

„За ДУИ е неопходно во процесот за решавање на проблемот со името да бидат вклучени сите страни, но не и референдумско изјаснување.

СДСМ има ист став, но сепак (бара) да се организира и референдум“ изјави денеска вицепремиерот за евроинтеграции, Бујар Османи.

Османи констатираше дека во владината коалиција има два различни ставови и дека СДСМ и ДУИ имаат сосема спротвини ставови.

Сепак, македонскиот премиер, Зоран Заев, смета дека е потребен консензус по ова прашање со вклученост и на претседателот на државата и на опозицијата.