Членовите на СДСМ денеска избираат претседател на партијата на директни внатрепартиски избори на коисе пријавени над 23.000 членови.

Поранешната министерка за одбрана, Славјанка Петровска вчера и официјално испрати допис и до Централната изборна комисија за претседателските избори на партијата дека ја повлекува својата канидатура.

Кандидатите во предизборната кампања си упатуваа и меѓусебни обвинувања и контраобвинувања, сепак со исклучок на Петровска останатите 3 ца Деспотовски, Филипче и Бајдевски остануваат во трката.

Над 23 илјади акредитирани членови кои на 77 те избирачки места ќе треба да го изберат наследникот на Ковачевски со кој партијата го имаше историски најголемиот пораз на изборите кои се одржаа на 8 ми мај.

Новиот претседател на партијата ќе има мандат само до март, бидејќи на конгресот кој беше најавен пред две три недели, а не се одржа партијата не успеа да го смени статутот.