СДСМ дојде во рекордно ниска позиција во однос на ВМРО-ДПМНЕ

На прашањето за која партија би гласале на парламентарни избори, доколку истите би се одржале утре, најголем дел од одговорите на оние кои рекле дека ќе гласаат, речиси половина, се однесуваат на ВМРО ДПМНЕ. Коалицијата Вреди исто така е во пораст споредено со парламентарните избори, ДУИ стагнира, а СДСМ е со голем пад.

Соодносот меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е речиси 4 спрема 1 што е рекордно ниска позиција на партијата што ја раководи Венко Филипче во однос на Христијан Мицкоски.

Oва се дел од резултатите на истражувањето на јавното мислење кое за МКД.мк го спроведе агенцијата Маркет вижн од 16 до 25 септември на 1.200 испитаници. Анкетата покажа дека ВМРО-ДПМНЕ и натаму е партијата со најголема доверба кај граѓаните.

Анкетирањето беше спроведено од 16 до 25 септември 2024 година со употреба на CAТI метода – телефонско анкетирање со помош на компјутер на примерок од 1.200 испитаници, односно со интервал на доверба од 95% и маргина на грешка +-3%.

Примерокот е репрезентативен на ниво на Македонија според: регион, пол, возраст и етничка припадност согласно податоците за резидентното население од пописот 2021 година.

Целата анализа на МКД.мк