Единствениот тешкаш во боксот кој може да се пофали дека е пандан на Ентони Џошуа сега, и на Владимир Кличко претходно, шампионот во ВБЦ верзијата, Донтеј Вајлдер бил уапсен во родната Тускалоса во американската држава Алабама и тоа поради поседување марихуана. Вајлдер е задржан во полицијата која потоа соопшти дека во ритунска контрола на возило кадилак бил забележан мирис на дрога, па била направена проверка во која била пронајдена ‘тревата”.
Адвокатот на Вајлдер, Пит Питерсон плати 1000 долари за кауција и потоа објасни дека дрогата не била на шампионот туку на негов пријател кој претходно ја користел лимузината. На судот е дали ќе му верува на тешкашот кој пред две години го одзеде ВБЦ појасот од Бермејн Стиверн и од тогаш успешно го бранеше во пет меча. Вајлдер во кариерата има 38 победи во 38 меча, а 37 од нив беа со нокдауни.
За следната година се говори дека може да дојде до боксерското Супер финале во кое ракавиците би ги вкрстиле Вајлдер и првакот според ИБФ, ИБО и ВБА асоцијациите, Британецот Ентони Џошуа.