Претставник на терористичката организација „Исламска држава“ преку криптирана порака интернет  ги повика денеска своите членови и симпатизерите да извршат терористички напади  во САД, Европа, Русији, Австралија, Ирак, Сирије, Иран и Филипини.

Пред неколку дена Исламската држава им се закани на земјите од Балканот а канадскиот експерт за исламски тероризам Мубин Шаих објави слика од експлозивна направа на која што на албански јазик е напишано името на главниот град на Македонија. 


Според гласот на аудио снимката на ИД нападите треба да се организираат за време на исламскиот свет месец Рамазан, кој започна на крајот на мај.

Светските агенции велат дека засега не може да се потврди чиј е гласот во пораката но сомнежите се дека му припаѓа на  портпаролот на организацијат Абдул Хасан ел Мухаџир.