Според прелиминарните податоци од Copernicus, програма на Европската унија за набљудување на Земјата, просечната температура на површината во неделата достигна 17,09 степени, што е малку повисоко од претходниот рекорд, забележан во јули минатата година – 17,08 степени.
Во текот на изминатата недела топлотни бранови ги зафатија САД, Европа и Русија, пренесува Ројтерс.
Copernicus потврди за новинската агенција дека се чини дека е соборен минатогодишниот рекорд. Податоците се собираат од 1940 година.
Минатата година Земјата имаше четири рекорднo топли денови по ред, од 3-ти до 6-ти јули.
Климатските промени, предизвикани првенствено од согорувањето на фосилните горива, доведоа до екстремни горештини на северната хемисфера, пишува Ројтерс.
Од јуни 2023 година, секој месец, 13 по ред, планетата бележи рекордно топли месеци во споредба со истите периоди од претходната година.
Некои научници веруваат дека 2024 година ќе ја надмине 2023 година како најтопла година досега.