Претседателите на САД и Русија Доналд Трамп и Владимир Путин денеска на самитот на најразивените 20 држави во светот си пружија рака и најавија дека можат да ги подобрат односите меѓу двете земји.
Русија повеќе од 2 години е под западни санкции на кои инсистираше администрацијата на Обама поради кризата во Украина.
Ракувањето меѓу двјајцата лидери се случило денеска во Хамбург пред почетокот на самитот Г-20.
Трамп и неговиот изборен штаб во САД беа цел на неколку истраги на американските институции кои требаа да утврдат дали кампањата на американскиот претседател била во контакт со руски служби кои влијаеле на американските избори за тој да ја победи Хилари Клинтон и да стане нов претседаел на САД.
За ралика од Трамп кој на средбата во северното германско пристаниште ќе се сеќава по првата средба со Путин, на првата дама на САД Хамбург нема да и остане во добро сеќавање. Таа утринава не можела да го напушти хотелот затоа што полицијата не можела да ја гарантира безбедноста на маршрутата по која што требаал да помине Меланија Трамп.