Светот во паника – Арон Ремзи повторно даде гол

Вториот гол за неговиот Арсенал во финалето на „ЕФА купот“ против шампионот Челзи повторно предзивика страв во светскиот џет – сет.

Според проклетството за кое постојано пишуваат британските медиуми секогаш кога Ремзи дава кол за Арсенал,  умира некоја славна личност.

Коинциденцијата која почна на 1.мај 2011 кога капитенот на Велс стрелаше за Арсенал против Манчестер јунајтед, а следниот ден беше убиен лидерот на Ал Каеда, Осама бин Ладен, продолжи минатиот викенд кога Ремзи даде гол по што почина Роџер Мур, четвртиот Џемс Бонд.

СИТЕ КОИНЦИДЕНЦИИ ПОВРЗАНИ СО ПРОКЛЕТСТВОТО НА АРОН РЕМЗИ

1. мај 2011 – Велшанецот стрелаше против Манчестер јунајтед, следниот ден е убиен лидерот на Ал Каеда, Осама бин Ладен
2. октомври 2011 – Ремзи погоди за „топчиите“ против Тотенхем, два дена потоа почина славниот Стив Џобс
19. октомври 2011 – Ремзи стрелаше за Арсенал против Марсеј во Лигата на шампионите. Следниот ден беше убиен лидерот на Либија, Муамер Гадафи
11. февруари 2012 – Погоди и на дуелот против Сандерленд во Премиер лигата, а подоцна во ноќта почина славната американска пејачка Витни Хјустон
18. септември 2013 – Беше стрелец во Премиер лигата против ВБА, а ден потоа почина боксерот Кен Нортон
10. август 2014 – Стрелец за Арсенал против Манчестер сити, се самоуби актерот Робин Вилијамс