Светот во исчекување на говорот на Трамп кој најави дека работите ќе ги каже какви што се

Светот е во исчекување на говорот на Трамп кој најави дека работите ќе ги каже какви што се.

Што ќе каже Трамп вечерва во своето обраќање во Конгресот засега не се открива директно но луѓе блиски до него веќе даваат контури на неговото обраќање?

Трамп, кој се очекува да зборува околу 21 часот вечерва во преполната комора на Конгресот, е подготвен да се пофали со тешкиот пристап што го презеде со светските лидери за време на виорот 43 дена на функцијата по минатонеделната пресметка во Овалната соба со украинскиот претседател Володимир Зеленски, тврдат дел од светските медиуми.

Тензиите кулминираа со одлуката на Трамп привремено да ја прекине помошта за Украина, нацијата разурната од војна.

„Тој ќе зборува за големите работи што ги направил: границата е безбедна, корупција што ја наоѓа со Одделот за владина ефикасност што го води Илон Маск (DOG)E“, изјави за Њујорк Тајмс пратеникот од Охајо, Џим Џордан кој е претседател на Правосудниот комитет во Конгресот на САД.

„Тој ќе продолжи да ја претставува својата визија, каде сака земјата да оди“, изјавил Џордан кој редовно разговара со претседателот.

Многумина очекуваат Трамп навистина да објави спектакуларни работи кои досега не излегоа во јавност.

Меѓу очекувањата се и шокантните информации што ги објави Такер Карлсон.

Блискиот човек на Трамп по средбата со Зеленски тврдеше дека сите шокантни информации наскоро ќе бидат објавени

Што најави Трамп вчера

Трамп со мистериозна најава: Утре ќе ги кажам работите такви какви што се!