„Јас бев на лице место во болницата, ова беше нешто страшно. Мртви тела лежат по холот по болницата, да мора да прескокнуваш мртви тела да влезеш да видиш како е сестра ти. Ја видовме на кратко, па кажаа дека префрлаат во Скопје поради тешките повреди“, сведочи брат на повредена 16 годишна девојка за порталот Скопје.мк
Тој сведочи за ужасните моменти кои ги затекнал во болницата во Кочани. Таа била меѓу првите кои излегле од дискотеката, но има сериозни изгореници.
Според негови зборови вратата на дискотеката, влезот, е мал.
„Тоа е една мала врата, мал пролаз, сигурно не можеле сите да излезат. Видов над 100 повредени во болница, мислам ни еден клинички центар не може да прими толкава бројка“, вели родинината.
Видео на ЛИНКОТ
Над 1.500 присуствувале на концертот во дискотеката кој заврши трагично (ВИДЕО)