Сведок во случајот „убиство на Вања“, обвинет за пожар во кафуле

 

Против вкупно три лица Основното јавно обвинителство поднесе Обвинителен акт за подменнат пожар  на 13 ноември лани во кафуле во станбена зграда на улицата Христо Татарчев во Кисела Вода.

Меѓу тројцата обвинети е и Гоце Трајковски, кој беше сведок во предметот за киднапирањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска.

„Со автомобил ‘Фолксваген голф’ со скопски регистарски ознаки, управувано од еден од обвинетите, пристигнале во близина на кафе барот. Додека тој обвинет останал да чека во возилото, останатите двајца отишле до деловниот простор. Едниот од нив со секира го скршил лизгачкото стакло од кафе барот, а другиот со бензин запалил оган. Потоа сите тројца соизвршители заедно со возилото заминале од место на настанот. Притоа на запалениот објект предизвикале и имотна штета од поголема вредност проценета на 362.161 денари“, информираше Јавното обвинителство.

Се предаде сведок во истрагата за убиството на Вања Ѓорчевска