Александар Шуковски ќе го замени Сашо Дранго како в.д. заменик директор во „Македонија пат“.
За сменатта на вториот човек на Јавното претпријатие, на Фејсбук објави самиот Шуковски.
За Сашо Дранго имаше бурни реакции во јавноста откако тој на својот Фејсбук профил објави фотографија на која држи пушка покрај мртва мечка.
Тој тогаш тврдеше, дека не ја застрелал мечката, туку дека таа била жртва на сообраќајна несреќа.
Според неговите зборови, тој и неговите колеги од „Македонија пат“ ја тргнале од патот Битола-Ресен за да ја ослободат од сообраќајната опасност.
Мицкоски: Дранго ќе биде разрешен ако се докаже дека ја застрелал мечката