Победата на 20 годишниот Германец со руско потекло во финалето на турнирот во Монтреал воопшто не е изненадување иако на другата страна од мрежата го имаше најголемиот во историјата на играта. Од денеска веќе седмиот тенисер на светот Саша Зверев беше убедлив на завршницата од Роџерс купот со 6-3 и 6-4, но треба да се знае дека тој е еден од ретките на АТП турнејата што има позитивен билан (3-2) против Роже Федерер кој, пак, во 2017. година има извонредни 40-4, вклучувајќи го и Хопман купот на кој исто загуби од помладиот Зверев, по што уште повеќе се приближи до водечкиот на светскиот ранкинг, Енди Мареј.

https://youtu.be/ApAgXkuYFtI