Македонија е на самото дно меѓу земјите од поранешна Југославија плус Албанија според процентот на жени професионални војници – само 6 проценти, пишува порталот „Балканска безбедносна мрежа“, повикувајќи се на извештајот насловен „Жените во безбедносниот систем 2024“ и подготвен од „Балкан дифенс монитор“.
Регионален лидер во овој поглед е Србија со 18 отсто жени во активниот воен состав, пред Црна Гора со 16 отсто, Хрватска со 14 отсто, Босна и Херцеговина со 12 отсто и Албанија со 11 отсто.
Од друга страна, во офицерскиот кор во македонската армија 20 проценти се жени, меѓу подофицерите 13 отсто, а меѓу 35 примени кадети на Воената академија 14 се девојки.
На врвот е Албанија со 21 проценти жени офицери и 13,5 отсто подофицери. Црна Гора има 17 отсто офицерки и 6 отсто подофицерки, во Србија 12 отсто офицерки и 4 отсто подофицерки, а во БиХ 8 отсто жени офицери и 6 отсто подофицери.