Луциден скопјанец е автор на мислата на денот инспирирана од изјавата на Бојан Јовановски алијас Боки 13 кој денеска се повлече од јавниот живот откако вчера УЈП влезе на настан организиран во рамки на илегална наградна игра која е организирана од инфлуенсерот Стефан Лазаров.
,,САМО ВО МАКЕДОНИЈА
ЗАТВОРЕНИК СЕ ПОВЛЕКУВА ОД ЈАВЕН ЖИВОТ”, пишува скопјанецот коментирајќи ја апсурдноста ситуација во која Боки 13 кој формално е затвореник кој треба да лежи 9 години во затвор вели дека се повлекува од јавниот живот.
Во пораката Боки 13 без да прецизира за кого се работи обвинува непознати лица дека биле среќни затоа што други луѓе биле во солзи и болка.
Јовановски во пораката на Инстаграм не го коментира фактот што бил дел од незаконска шема за која инволвираните немале дозвола од министерството за финансии.
Канал 5: Министерството за финансии ќе истражува дали Боки 13 и Лазаров го кршат законот