Македонија е втора одзади во Европа според просечната брзина на возовите од 53,1 км/ч, покажува мапата на профилот на Твитер @amazingmap.
Врз основа на неофицијалните податоци што ги содржи таа, побавни од македонските се само возовите во Албанија, кои се движат со просечна брзина од 27,6 км/ч.
Во ова неславно друштво се и Србија со 54,3 км/ч, Босна и Херцеговина со 54,5 км/ч и Хрватска со 58,2 км/ч, тука некаде е и Бугарија со 61,9 км/ч, а лидер на регионот е Словенија со 71,9 км/ч.
Најбрзите возови на стариот континент сообраќаат во Шпанија со просечни 199,4 км/ч, потоа во Франција со 195,9 км/ч, а трета е Италија со 169,9 км/ч.
