Две лица се убиени попладнево во скопската населба Кисела Вода откако се обиделе да ограбат менувачница.
Инцидентот се случил откако сопственик на менувачница во која двајцата убиени сакале да извршат грабеж пукал при нивниот обид да украдат денари и девизи.
Откако од сопственикот на менувачницата побарале да им ги предаде парите тој употребил пиштол кој го држел со дозвола и пукал при што на двајцата им нанел смртни повреди.
Полицијата целосно ја блокирале улицата Тодор Александров во скопската населба Кисела Вода каде што пред две години се случи кражба во објект на Комерцијална Банка.
За само 4 дена ова е втора вооружена престрелка, откако во петокот во Чаир почина едно лице а едно е потешко повредено, денеска уште две лица го загубија животот.
ОД МВР потврдуваат дека има инцидент но не даваат детали за настанот.