Администрацијата на Бајден планира да испрати некои мигранти во Латинска Америка за преселување во Грција и Италија како дел од уште еден напор да ги обесхрабри луѓето во регионот да патуваат на границата меѓу САД и Мексико, изјавија за CBS News две лица запознаени со плановите на владата.

Грција и Италија ќе треба да примат дел од мигрантите „обработени“ во канцелариите за имиграција што администрацијата на Бајден ги формираше минатата година во четири земји од Латинска Америка, а кои сакаат да сигнат до САД.

Центрите, официјално познати како Канцеларии за безбедна мобилност (Offices of Secure Mobility) им овозможуваат на одредени мигранти од Колумбија, Костарика, Еквадор и Гватемала да аплицираат за легално да дојдат во САД или во други земји.

Според новите аранжмани, Грција и Италија ќе им се придружат на Канада и Шпанија во приемот на мигранти, но тие две земји најверојатно ќе прифатат релативно мал број мигранти, приближно по 500 или помалку.

Незаконските премини на границата меѓу САД и Мексико се намалени за повеќе од 50% во мај во споредба со рекордното високо ниво забележано во декември – тренд што претставниците на администрацијата го припишуваат на нивните политики и напорите на мексиканските власти да ги спречат мигрантите да патуваат на север. За да го затапи потенцијалниот скок во миграцијата, претседателот Бајден, исто така, се подготвува да донесе извршна акција веднаш следната недела со која ќе се забрани повеќето барања за азил кога илегалните премини се зголемуваат, изјавија за CBS News извори запознаени со внатрешните размислувања.