САД ќе ги запишуваат „непослушните“ во ОН

Американската амбасадорка во ОН, Ники Хејли преку Твитер порача дека „САД ќе ги запише имињата на оние кои утре во Генералното собрание на ОН ќе гласаат за необврзувачката резолуција со која администрацијата на претседателот Трамп го призна Ерусалим за главен град Израел и таму ќе ја  пресели американската амбасада од Тел Авив.


Таа испрати заканувачко писмо до членките на Генералното собрание на ОН во кое пишува дека претседателот на САД, Доналд Трамп „внимателно ќе го следи гласањето (во четврток), и дека „ќе бара извештај за тие ќе гласаат „против нас“.

Хејли, исто така изјави дека ставила вето на резолуцијата „во знак на одбрана на американскиот суверенитет и улога на Америка во мировниот процес на Блискиот Исток“, објави АП.

„Ниедна земја нема да им кажуваат на САД каде да воспостават амбасада“, изјави Хејл откако САД го вложи првото вето во Советот за безбедност по повеќе од шест години.