САД ќе бараат и Русија да направи територијални отстапки!

Кит Келог, специјален претставник на САД за решавање на конфликтот во Украина, изјави дека за време на преговорите со Русија може да биде побарано да направи „територијални отстапки“, јави Би-Би-Си.

За време на панел дискусијата на Минхенската безбедносна конференција, модераторот потсети на зборовите на Келог дека може да се бараат отстапки од двете страни и праша какви отстапки ќе треба да направи Путин.

„Од моја перспектива, тоа би биле работи како територијални отстапки“, одговори Келог“. Тој не навлезе во повеќе детали.

Русија ги анектира повеќето од украинските територии што ги окупира и вели дека нема намера да преговара за нивно враќање – напротив, бара Украина да ѝ ги отстапи неокупираните делови од четири региони.