САД: По 15 години извршена смртна казна со стрелање

Бред Сигмон, осуденик на смрт во американската сојузна држава Јужна Каролина, стана првиот човек во САД во последните 15 години кој бил погубен од стрелачки вод.

Сигмон (67) бил егзекутиран вчера нешто по 18 часот по локално време кога тројца доброволци од затворскиот стрелачки одред го погодиле со три куршуми специјално дизајнирани за максимално уништување на ткивото.

Во 2001 година, Сигмон ги уби Дејвид и Гледис Ларк со бејзбол палка, а потоа ја киднапираше својата поранешна девојка под закана со пиштол. Таа успеала да побегне додека тој пукал по неа.

Затвореникот самиот побарал егзекуција со стрелање наместо другите два начина на погубување законски одобрени во Јужна Каролина – електричната столица и смртоносната инјекција.