Соединетите американски држави ја зајакнаа својата позиција како водечки извозник на оружје во светот во изминатите пет години, обезбедувајќи околу една третина од светските резерви на оружје. Ова е објавено во извештајот на Меѓународниот институт за истражување на мирот во Стокхолм (СИПРИ), цитиран од ДПА.
САД во овој период покриваа 34 проценти од светската продажба, снабдувајќи со оружје најмалку 98 земји. Помалку од половина од американскиот извоз оди на Блискиот Исток а една третина во Азија. Саудиска Арабија е најважниот единствен купувач на американската индустрија за оружје со скоро 20 отсто од продаденото оружје од САД.

Русија останува втор по големина извозник на оружје во светот, со околу 20 проценти од продажбата на глобално ниво, што го продава во о 47 земји. Повеќе од половина од рускиот извоз е насочен кон Индија, Кина и Виетнам.

На трето место е Франција, по што следуваат Германија и Кина.