Претседателскиот указ на претседателот Трамп со кој Балканот го прогласи за закана за националната безбедност на САД и изјавата на австрискиот министер за одбрана Ханс Доскозил се сериозно предупредување до Европа дека Балканот оди кон конфликт.
Ова го тврди американскиот весник „Иквизитор“ кој потезите на Трамп и Доскозил ги толкува како подготовка за конфликт и сигнал дека Балканот и заедно со него Македонија се движат кон сериозни тензии.
Авторот на текстот Жан Фили Гибсон кој потсетува на почетокот на првата светска војна која што почнала на Балканот како и на крвавата војна во поранешна Југославија, повикува на претпазливост од повторување на историјата.
Според него извршниот указ 13219 во кој има невообичаено остар јазик на претседателот Трамп е јасен и активен показател за кршливоста на регионот како и за присуство на непријателски сили кои што се активни на Балканот.
Според последниот параграф на документот со кој беа продолжени забраните за патување и блокирање на имотите на десетици луѓе од регионот во САД покажува колкава е загриженоста на САД за балканот.
„Акциите на лицата кои што се закана за мирот и стабилност и напорите за меѓународната стабилизација на Западниот Балкан вклучувајќи и акти на екстремистичко насилство прородлжува да претставува вонредна закана за националната безбедност и надворешната политика на САД“, пишува во извршната одлука на претседателот Трамп.
Според американскиот весник австрискиот министер за одбрана Доскозил кривицата за присутната опасност на Балканот ја вперува во Турција и Саудиска Арабија. Доскозил во изјава за германските медиуми рекол дека ЕУ ја следи бавната исламизација на Балканот.
„ЕУ го губи своето влијание во регионот. Турција и Саудиска Арабија наспроти нив го зголемуваат своето влијание“, вели австрискиот министер.
Во текстот се цитира и Ердоан Шиполи геостратешки експерт специјалист за Балканот кој вели дека стратегијата на турскиот претседател за Балканот е да го употреби како предност против поголема Европа.
„Кога се работи за поранешна Југославија најсилно влијание Турција има во Босна, Македонија, потоа Косово со Албанија“, смета Шиполи.