Руски предвидувања за „Голема Албанија“

Рускиот интернет портал „Izvestija.ru“ која важи за близок на службите за безбедност на Кремљ предупреди дека по вонредните избори на 11 јуни на власт во Приштина ќе дојде екстремниот националист кој ќе го започне процесот на создавање на „Голема Албанија“, како и дека една од најважните функции во новата влада ќе ја добие воениот злосторник Рамуш Харадинај.

Рускиот портал истакнува дека предизборните истражувања предвидуваат победа на екстремното националистички движење „Самоопределување“, кое отворено се залага за одржување на референдум за обединување на Косово и Албанија, пишува Репортер.

Како што аналитичарите предвидуваат, наведува Известија, значајната функција во новата влада може да ја добие и воениот злосторник и лидер на Алијансата за иднина на Косово Рамуш Харадинај.

Известија наведува дека заканите за проектот „Голема Албанија“ беа една од главните теми на разговор на рускиот претседател Владимир Путин со неговиот српски колега Александар Вучиќ на 15 мај во Пекинг.

 

Foto: Tanjug/Vlada Srbije

Рускиот портал објаснува дека партијата „Самоопределување“ е еден од главните фаворити за победата на предвремените избори на Косово, со забелешка дека политичката програма на таа партија содржи директен повик на обединување на Косово со Албанија и референдум за тоа прашање.

„Ако предизборните прогнози се точни, нашата паритја ќе победи на изборите и ќе одлучува за тоа кој ќе биде новиот премиер. Нашиот главен кандидат е поранешен претседател на движењето Албин Курти“, вели за Извеситја, шефот на прес службата на Самоопределување.

Foto: Profimedia/ Zuma Press - News

Експертите веруваат, пишува Известија, дека по изборот на власт во Приштина ќе се формираат радикалните националисти чија политика на создавање на „Голема Албанија“, ја поддржува Западот, кој има за цел да ја ослабе позицијата на земјите во регионот кои сакаат да водат независна надворешна политика. Тука пред се се мисли на Србија која одби да влезе во НАТО, и која тесно соработува со Русија во политичка, економска и воена сфера.

Рускиот портал наведува дека еден од кандидатите во новата косовска влада на Рамуш Харадинај, кого судот во францускиот град Колмар, во април оваа година, го ослободи, отфрлајќи го барањето на Србија за негово испорачување за воени злочини над Србите на Косово и Метохија.

Foto: Tanjug/AP

„Падот на владата на Исе Мустафе може да се објасни на само еден начин, а тоа е американскиот притисок на косовските Албанци да ја забрзаат реализацијата на проектот на „Голема Албанија“. Можното враќање на воениот злосторник на Рамуш Харадинај во политиката, значи агресивни планови на косовските Албанци во однос на Србите во Македонија“, вели во интервјуто за „Известија“, директорот на Балканскиот центар за меѓународна соработка Виктор Колбановски.

Српскиот политички аналитичар и шеф на српската дијаспора во регионот Драган Станојевиќ исто така гледа врска меѓу ослободувањето на Рамуш Харадинај и предвремените избори на Косово.

„Харадинај е воен злосторник и крииналец, како и познат заговорник на идејата за „Голема Албанија“. Поставувањето на такви луѓе на водечките позиции во косовската влст е најава за почеток на нов конфликт. Воглавно, шефот на албанската заедница во Прешевската долина веќе најави дека оваа област ќе се спои со Косвоо“, истакна Станојевиќ.

Foto: geopoliticsrst.blogspot.rs

Важно е да се напомене, пишува овој руски портал, дека политичката криза на Косово ќе биде следена со засилување на националистичките чувства кај албанските жители.

Во интервјуто за „Известија“, истражителот на Институтот за словенска студија Пјотр Искендеров истакнува дека на почетокот на јануари во Тирана ќе се соберат лидерите на албанските партии од цел Балкан и ќе ја усвојат „Тиранската платформа“, која се занимава со правата на Албанците во Македонија, и другите балкански земји.

Известија заклучува дека реализација на проектот на „Голема Албанија“ ќе доведе до раст на националистичките чувства на Балканот, што ќе биде почеток на „нова југословнска криза“:

„Западот, поддржувајќи ја Тирана, Приштина и албанското малцинство во земјите во регионот, што за последица може да биде почеток на нова рунда на конфронтации кои би можеле да се претворат во вооружен конфликт.