Премиерот на Бугарија Бојко Борисов побарал проверка на засолништата од бомби во главниот град. Целта, според бугарските медиуми е да се провери дали во Софија има доволно место за криење на населението во случај на напад.
Борисов наредил и проверка на планот за дејствија во воена состојба кој треба да биде тестиран до крајот на денов (петок).
Бугараските медиуми овие мерки ги поврзуваат со влошените односи меѓу западот и Русија. Пред неколку месеци Борисов изјави дека не се исклучува поголем воен конфликт.