Русија објави дека го освоила градот Торецк, Украина негира

Руската војска го стави под контрола стратешки важниот рударски град Торецк во источниот дел на Украина, соопшти Министерството за одбрана во Москва.

Градот што до премиенувањето во 2016 година се викаше Џержинск и кој во почетокот на 2022 година имаше 35 илјади жители е силно утврдена област на украинските вооружени сили, со развиена железничка мрежа, каде што украинските трупи се вкопани од 2014 година. Од тука редовно се гранатира Горловка, еден од најголемите градови во самонаречената Донецка Народна Република.

Преземањето на контролата над Торецк ќе го олесни снабдувањето на руските војници долж делот на патот Доњецк-Горловка-Бахмут (Артјомовск), а исто така ќе овозможи да се загрози заднината на групата украински трупи во Клешчеевка. Покрај тоа, од тука е можно да се развие офанзива на северозапад – кон Константиновка.

Министерството за внатрешни работи на Украина, пак, соопшти дека борците на комбинираната стрелачка бригада на Одделот за патролна полиција „Предатор“ држат одбранбени позиции во Торецк.

„Руските војници се на само неколку метри“, објави украинското министерство на Фејсбук заедно со видео од позицијата на украинските војници.