Русија не планира да го намали списокот на непријателски земји во кој е и Македонија

 

Ова за ТАСС го соопшти прес-секретарот на рускиот претседател Дмитриј Песков.

„Во моментов нема такви планови“, рече портпаролот на Кремљ како одговор на поврзаното прашање.

Русија има неколку списоци за примена на дипломатски и економски контрамерки кон непријателски земји.

Првиот беше одобрен во пролетта 2021 година за само две земји – САД и Чешка за кои беа воведени ограничувања за работата на дипломатските претставништва.

Вторриот список е од март 2022 година и се однесува на трансакциите со 46 земјите кои мора да се вршат на посебен начин.

На списокот е и Македонија, пограј сите земји-членки на ЕУ, како и Украина, Црна Гора, Швајцарија, Бугарија, Албанија, Андора, Исланд, Лихтенштајн, Велика Британија, Монако, Норвешка, Сан Марино, Северна Македонија, Јапонија, Јужна Кореја, Австралија, Микронезија, Нов Зеланд, Сингапу…

Во септември 2024 г руската влада одобри уште една слична листа. Вклучуваше 47 земји и територии кои „спроведуваат политики кои наметнуваат деструктивни неолиберални идеолошки ставови кои се во спротивност со традиционалните руски духовни и морални вредности“.

На листата се и САД, Велика Британија, Германија, Франција, Јапонија и други земји.

Словачка и Унгарија не се меѓу санкционираните земји на ЕУ, а Турција не е меѓу санкционираните од НАТО.