Извештај: Русија и Србија цела деценија работеле против Македонија во НАТО

Руски шпиони и дипломати цела деценија биле вклучени во активности за ширење пропаганда и провоцирање инциденти како дел од регионален план да се запре македонското членство во НАТО.

Ова го тврди организацијата ОЦЦРП која во соработка со партнерите Нова ТВ и Мрежата за известување за криминал и корупција објавува документи прибрани од разузнавачки извори.

Во извештајот се цитираат и документи во кои се вели дека српски разузнавачи поддржувале анти западни и проруски националисти во Македонија.

Овој извештај кој го пренесуваат и влијателни западни медиуми не зборува ништо за улогата на Грција во спречувањето на Македонија да стане членство во НАТО ниту на реакциите на ЕУ и НАТО по судската пресуда во Хаг каде што Судот на правдата пресуди дека Грција нема право да ја блокира Македонија на патот кон Брисел.

целиот извештај овде