Русија го става во борбена готовност системот „Сатана 2“

Командантот на стратешките ракетни сили на Русија, генерал-полковник Сергеј Каракаев соопшти дека во тек е процес за воведување на најновиот ракетен систем „Сармат“ во борбена готовност.

Ракетниот систем „С-28 Сармат“ е интерконтинентална балистичка ракета (ICBM) развиена од Русија за да го замени советскиот Р-36М, познат по ознаката „Сатана“ дадена од НАТО.

Тој назив потекнува од можностите на стариот систем, а новиот „Сармат“, кој често се нарекува „Сатана 2“, дополнително ги проширува тие способности.

Ракетата има дострел до 18.000 километри и способност да носи до 10 тешки или 15 полесни боеви глави, вклучувајќи ги и хиперсоничните системи за лизгање „Авангард“.

„Сармат“ е дизајниран да се лансира од подземни силоси, што обезбедува дополнителна заштита и можност за брз одговор во случај на криза.

Тоа е еден од најнапредните ракетни системи во рускиот арсенал.