Русија се противи на замрзнување на конфликтот во Украина бидејќи на Москва и треба „цврст и долгорочен мир“ за да ги реши основните причини за кризат, изјави директорот на надворешната разузнавачка служба на Русија, Сергеј Наришкин, цитиран од Ројтерс.
Наришкин истакна дека Русија е категорично против „замрзнување на конфликтот“ и додаде дека неговата земја сака долгорочен мир.
Русија е отворена за преговори, увери тој.
Минатата недела беше објавено дека лидерите на Русија и САД наскоро може да се договорат за замрзнување на воените дејствија во Украина.
Според извори на новинската агенција, страните може да разговараат за специфична демаркациона линија, како и за размена на територии, особено во регионите Курск и Харков.
Русија постојано ја истакнува својата решеност да ги исполни целите на специјалната воена операција, кои вклучуваат>
– неутрален статус на Украина надвор од НАТО,
– обезбедување на безбедноста на руските граници,
– одбивање на Киев да распореди странско оружје на нејзина територија.
Дополнително, Москва се залага да се прифати реалноста на терен: слободната волја на жителите на Крим, Севастопол, Доњецката и Луганската народна република, Запорожје и Херсонската област да бидат дел од Русија.