Рубио: Засега нема закажана средба Трамп-Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, изразија желба да се сретнат и нема причина тоа да не се случи, но засега нема план кога тоа ќе се случи, изјави американскиот државен секретар Марко Рубио за АП.

„Засега нема закажан состанок. Во одреден момент и двете страни изразија желба да се сретнат, но во овој момент нема закажан состанок….“.

Рубио ова им го објасни на новинарите кои го придружуваа во Саудиска Арабија, каде што треба да се сретне со украинската делегација.

Тој истакна дека не може однапред да го предвиди распоредот на Трамп, но „претседателот е подготвен да се сретне, како што покажа во минатото, со кого било“.

Истовремено, Марко Рубио не ги оцени средбите за „отстапки“ и посочи дека „само преку разговори и средби може да се постигне напредок по прашањата, без разлика какви несогласувања може да имате“.

Рубио повтори дека „во овој момент нема закажани состаноци, но очигледно тоа може да се промени“.

Како се дознава, специјалниот пратеник на САД за Блискиот Исток Стив Виткоф оваа недела ќе отпатува во Москва на разговори со рускиот претседател Владимир Путин.