Дел од најголемите фаворити, верификувани од познавачите како кандидати за освојување на титулата во фудбалската ЛШ ќе мора да се пресметаат, да се елиминираат меѓусебно уште во осминафиналето. Така Реал Мадрид оди на ПСЖ, а Барселона на Челзи што се опишува со изразот финале пред финалето, иако овде се две. За разлика од овие четири екипи други добија навидум полесни противници. Ова особено важи за екипите од Манчестер зошто Сити го доби Базел, а Јунајтед оди на Севиља, можеби и за Баерн кој ќе се соочи со Бешикташ. Во последните три соочувања практично и да нема фаворити, а Јувентус се соочува со Тотенхем, Шахтјор со Рома, додека Порто се среќава сп Ливерпул. Како поставени двојките така и ќе се одвиваат. Значи меѓу 13 и 21 февруари на терените на второпласираните од групната фаза, а потоа во четири термина од 6 до 14 март и на теренот на прваците од групите.