Многумина со нетрпение го очекуваат 13. јуни, денот кога започнува лицитацијата на УЕФА за билетите за Супер куп финалето што на 8. август во Скопје ќе го играат Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, а удар за нив е веста дека можеби Кристијано Роналдо ќе го пропушти мечот на Телеком арената.

Шпанската Марка пишува дека Португалецот во тој термин ќе биде уште на одмор и дека со одобрение на Зинедин Зидан, Роналдо нема да игра. Причината лежи во концептот веќе возрасниот Роналдо (32 години) кој според тренерите треба да одмора најмалку 30 дена, да паузира по настапот на Купот на конфедерациите, а тоа значи враќање на тренинзи негде околу 10. август.